Топ играчи
- 1 934,2M1Tr_Lazo_61
- 1 298,9M2n1marius
- 982,7M3ekonomik-ua
- 650,0M4.Roxerxes.
- 538,8M5Harap-alb
- 451,5M6dirty
- 436,5M7Fenix_2021
- 377,5M8guerrav
- 372,2M9fandurnesti
- 367,9M10_Beco_
- 297,9M11Kinoff
- 257,3M12TheNightmare
- 234,6M13-SoneK
- 221,6M14Theunit
- 219,7M15cricricri2015
- 215,8M16SA7777777
- 206,4M17sorin3o
- 204,8M18_TDJ_
- 201,5M19Hellfalcon
- 196,2M20Karel-IV
Топ тимови
- 101,5K1ThePunisher1
- 95 1532Ady.
- 90 3863kostakw
- 87 2714_ERTOGRUL_
- 83 3745.Roxerxes.
- 79 7236n1marius
- 75 8827CHICHO.
- 63 6528AGRoma
- 57 9659ionutbc
- 57 14710Comand0s
Кон рангирањето на сите
Општи услови
- Почеток на 12.06.2026 во 15:00 часот, време по сервер [ВПГ +2].
- Времетраење - 21 дена.
- Учесници во настанот се:
*Играчите од топ 150 во Сала на славата на Империја Онлајн.
*Сите играчи, поканети од избраните Легенди, да се вклучат во нивните сојузи.
Услови за победа во Свет на Легендите
- За да победи во Свет на Легендите, играчот Легенда и неговиот сојуз треба да соберат најмногу поени. Поените се собираат на следниот начин:
*Се сумираат поените Боен рејтинг на сите членови на сојузот. Да ја наречеме оваа сума (А).
*Се воведува нов Боен рејтинг на сојуз, кој се собира или губи преку спроведување на сојузни битки. Да го наречеме овој боен рејтинг (B).
*Се собира ограбеното население на сите членови на сојузот. Нека оваа сума ја наречеме (C).
*Крајниот резултат на сојузот се пресметува според следната формула A + (B * 10) + (C / 10000 * 2.5)
- Важно: Кога играч X го нападне играч Y, поените Боен рејтинг кои ќе ги добие во случај на победа се вијаат од разликата помеѓу нивните нето економски поени.
*Поточно, ако напаѓачот X има 1000 нето економски поени, а играч Y има 200 нето економски поени, при победа играч X ќе добие 200/1000=1/5 од нето економските поени, кои би ги добил ако играч Y е со еднакви на неговите нето економски поени.
*Односно ако напаѓачот има голема предност по нето економски поени и победи во битката, ќе добие малку поени Боен рејтинг. И обратното, ако ја загуби битката, иако има многу повеќе нето економски поени, ќе загуби многу поени.
*Нема да се освојува боен рејтинг од битки со помалку од 8 рунда (т.е. при 7 и помалку рунди). Ова важи како за лични, так аи за сојузни битки.
*Ако загубите на војска са под 27200 во златен еквивалент за лични битки и под 136000 за сојузни битки, исто нема да се добива боен рејтинг.
*Нема да се освојува боен рејтинг од битки против Независни замоци.
Награди:
- Името на играчот легенда чијшто сојуз ќе го освои Светот на Легендите ќе биде овековечено во нова графа во Сала на Славата, одредена само за победниците на овој престижен орден.
- Исто така името ќе му биде испишано во зградата Споменик, каде што ќе се гледа од сите играчи.
- За прво место во рангирањето:
*Сите во сојузот добиваат златен медал од Свет на Легенедите.
*Сите во сојузот добиваат 1500 поени за Сала на Славата.
*4 500 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот.
- За второ место во рангирањето:
*Сите во сојузот добиваат сребрен медал.
*Сите во сојузот добиваат 750 поени за Сала на Славата.
*3 000 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот.
- За трето место во рангирањето:
*Сите во сојузот добиваат бронзен медал.
*Сите во сојузот добиваат 450 поени за Сала на Славата.
*2 250 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот.
- За 4-то и 5-то место во рангирањето:
*Сите членови на сојузот добиваат медали за рангирање во Топ 5 во Светот на Легендите
*Сите во сојузот добиваат 300 поени за Сала на Славата.
*1 500 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот за 4-то место и 750 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот за 5-то место.
- За 6-то до 10-то место во рангирањето:
*Сите членови на сојузот добиваат медали за рангирање во Топ 10 во Светот на Легендите
*Сите во сојузот добиваат 225 поени за Сала на Славата.
*750 000 привремени дијаманти се распределуваат подеднакво помеѓу членовите на сојузот за секое место од 6-то до 10-то.
- За играчите избрани за легенди:
*Медал за легенда во Свет на Легендите.
*105 поени за Сала на славата.
- За играчите учесници во Свет на Легендите:
*Медал за учесник.
*45 поени за Сала на славата.
Карактеристики на светот:
- Брзина на развој на империите – Ултра Блиц х20.
- Сите играчи Легенди се автоматски поставени во сојузи кои го носат нивното име.
- Сите играчи Легенди добиваат по 19 клучови (линкови), кои можат да ги испратат на избрани од нив играчи за да ги поканат во својот сојуз во Свет на Легендите.
- Ако добиете линк за регистрација и сакате да регистрирате веќе постоечки профил, по отворањето на линкот треба да ја користите опцијата „Веќе имате регистриран профил?“.
- Максималниот број на играчи во сојуз е 20.
- Максималниот број играчи легенди во еден сојуз е 3, вклучувајќи го и лидерот на сојузот. Доколку играч легенда покани други играчи легенди во својот сојуз, само уште 2 играчи легенди можат да се приклучат.
- За време на настанот, сојузите не можат да го променуваат својот состав. Избраниот играч Легенда е лидер на сојуз и не може да биде сменет. Сојузот не може да кани или да исфрла играчи.
- Ограничувањето за напад над други играчи според нето економските поени, е олеснето од +-5 пати разлика до +-10 пати разлика.
- Отстранети се казните по морал, чест и сила на напаѓачка војска при напади надвор од опсег x2.
- Во првите 72 часа од Светот на Легендите сите играчи се под заштита од напади.
- Нема Варварски кампови.
- Нема Турнири.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Нема Чуда.
- Нема глобални настани.
- Без Пештери на освојувањето.
- Без ресурсни наоѓалишта.
- Без медали за лигите.
- Без претплата за храмот.
- Ќе биде достапна херојска војска.
- Напаѓачот веќе нема да добива злато за ограбеното население, а 50% од него. Запленетото население ќе се растоварува во поседот од кој бил испратен нападот. Во случај тоа да било воена станица, запленетото население ќе се губи.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа колкав процент претставува војската од нето економските поени на играчот.
- После 3 часа, единиците со завршена обука ќе бидат автоматски мобилизирани на логин или на секој час додека играчот е онлајн.
- Следната промена ќе биде активна:
За Колонизација ниво 10 ќе биде потребно проучување Колонијална бирократија ниво 15
За Колонизација ниво 15 ќе биде потребно проучување Колонијална бирократија ниво 25
За Колонизација ниво 20 ќе биде потребно проучување Колонијална бирократија ниво 35
За Колонизација ниво 25 ќе биде потребно проучување Колонијална бирократија ниво 45
- Сите модификатори од терени ќе бидат со зголемени вредности. Во врска со ова, неутралните терени исто ќе даваат бонуси и модификатори на империјата. Освен тоа, теренот на сојузните поседи секогаш е неутрален и тие исто ќе бидат под влијание на модификаторите од неутрални терени.
- Играчите ќе можат да им ги испраќаат сите видови ресурси на своите сојузници.
- Играчите ќе можат да им праќаат засилувања на своите сојузници. Сојузник може да добие војска во вредност не поголема од 50% од неговите нето економски поени. Сојузник може да испрати војска во засилување во вредност не поголема од 50% од златниот еквивалент на целата негова војска. Бројот на испратените и добиените засилувања по едно исто време е ограничен; може да испратите војска во засилување само на еден сојузник, како и да ја користите воената помош на еден од членовите на сојузот. Не е возможно да добиете или испратите повеќе од една мисија за засилување по едно исто време.
- Ќе биде достапен личен и сојузен премиум со еднократно таксување.
- Од сојузните односи отпаѓаат Пакт за ненапаѓање и Федерација.
- Нападите кои заклучуваат ќе работат според нови параметри. Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на заштитникот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.
*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.